Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русинот кој настрада во Египет побегнал од Русија за да не го мобилизираат?

Русинот кој настрада во Египет побегнал од Русија за да не го мобилизираат?

Русинoт Владимир Попов кој имал 23 години пред неколку месеци се преселил со својот татко во египетското летувалиште Хургада, веројатно за да избегне да биде регрутиран во војната во Украина. 

Тој загина вчера во напад на тигреста ајкула, а на овој трагичен настан присуствувал и неговиот татко, пишува „Слободна Далмација“.

„Отидовме на плажа да се опуштиме. Син ми го нападна ајкула“, изјави Јуриј Попов, таткото на жртвата.

Таму каде што бил Владимир, немало кој да му помогне.

„Како може некој да му помогне? Таа мелница за месо нападна за 20 секунди. Син ми го повлече под вода“, рекол  таткото.

Вели дека плажата на која се наоѓале се сметала за безбедна. Досега напади се случија само на диви плажи.

Египетското Министерство за животна средина објави дека ајкулата е одговорна за смртта на турист без да даде детали за жртвата.

Екипа на министерството и други тела успеале да ја фатат ајкулата, се вели во соопштението и се додава дека локалните власти издале забрана за пливање, нуркање и други спортови на вода на неколку плажи во близина на местото на нападот. Тигарската ајкула е извлечена од морето, а набрзо е убиена.

Лани две жени загинаа откако ги нападна ајукула. Едната беше од Австрија, а другата од Романија. По овие напади, луѓето ги откажуваа аранжманите за одмор во Египет. 

Слично

Поврзани вести