Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русин тврди дека омикрон ќе го снема до 1 март

Русин тврди дека омикрон ќе го снема до 1 март

Директорот на рускиот Универзитет за медицинска паразитологија, тропски и заразни болести „Сеченов“, Александар Лукашев вели дека омикрон ќе го снема до 1 март. Додава дека овој сој на коронавирусот е помалку смртоносен од другите. 

„Целата приказна со омикрон ќе биде завршена на 1 март. Се развива многу брзо, па на сето тоа ќе гледаме како на историја“, изјави Лукашев.

Лукашев смета дека поблагиот тек на болеста е поради помалата репродукција на вирусот во белите дробови. 

„Тешко е да се каже точната бројка, но грубо кажано, проценуваме дека е пет до десет пати помалку смртоносен од другите соеви“, изјавил тој за ТВ каналот „Русија-24“.

Омикрон се појави во Јужна Африка лани, а сега е присутен насекаде во светот. 

Негов подвид е откриен и во Грција кај луѓе кои допатувале од странство. 

Над 5.5 милиони луѓе во светот починаа од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести