Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русин е осуден на 22 години затвор за пренесување информации кои се државна тајна

Русин е осуден на  22 години затвор за пренесување информации кои се државна тајна

Поранешниот новинар Иван Сафронов во Русија e осуден на 22 години затвор за „велепредавство”. 

Градскиот суд на Москва денеска го осуди Сафронов, одличен познавач на воените прашања. Тој е во затвор од 2020 година, а казната треба да ја отслужи во затвор со строг режим. 

Сафронов беше приведен во јули 2020 година под обвинение за „велепредавство”, а Федералната служба за безбедност (ФСБ) тогаш објави дека тој, по задача на „специјалната служба” на НАТО, поврзувал и пренесувал информации за воено-техничката соработка, одбрана и безбедност на Русија, кои претставуваат државна тајна. Неговото апсење најверојатно е поврзано со написот што го објави во Комерсант во мај 2020 година за испораката на руски ловци „Су-35″ за Египет.

Слично

Поврзани вести