Русија заплени 600 тони месо шверцувано од ЕУ
Руските цариници запленија 600 тони месо скриено под пакети со мастики за џвакање и тегли со овошни кашички од Евроопската унија, кои биле прошверцувани и покрај ембаргото на Русија за некои прехранбени производи од Унијата.
„Производите беа скриени под пакети со друга стока, шишиња со сокови, смрзнати шампињони и останати“, стои во соопштението на руската санитарна агенција Роселконадзор.
Месото било спаккувано во 26 контејнери со ознака на пристаништата Антверпен, Хамбург и Ротердам.
Руските експерти велат дека месото било произведено во Германија, Белгија, Полска и Холандија, земји од кои е забрането да се увезуваат прехранбени производи во Русија.
На почетокот на август Русија воведе ембарго за увоз на дел од прехранбените производи од ЕУ како одговор на европските санкции кон Русија за украинската криза.
Слично
