Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија забрани американска НВО за „саботирање на изградбата на гасовод до Кина“

Русија забрани американска НВО за „саботирање на изградбата на гасовод до Кина“

Русија денеска го обвини Алтај, добротворна организација со седиште во САД, дека ја саботира изградбата на огромен гасовод до Кина и го забрани како „непожелно“.

Руското државно обвинителство објави дека проектот Алтај се меша во внатрешните работи на Русија, како и дека може да и наштети на нејзината економска безбедност, под превезот на заштита на природата, пренесува Ројтерс.

„Клучната насока на работата на организацијата е саботирање на изградбата на гасоводот Моќта на Сибир 2“, се наведува во соопштението на обвинителството.

Директорката на Алтај Џенифер Каснер го окарактеризира обвинението како апсурдно, но изјави дека е само прашање на време кога тоа ќе се случи.

„Ние едноставно ги поддржуваме заедниците да водат свој еколошки активизам и да ја заштитат сопствената култура“, рече Каснер, додавајќи дека таа е единствената вработена во организацијата.

Планираниот гасовод е наменет да испорачува 50 милијарди кубни метри природен гас годишно од Русија до Кина преку Монголија.

Москва ја изнесе идејата пред многу години, но проектот стана приоритет по инвазијата на Украина, наведува британската агенција.

Сепак, Пекинг допрва треба да го потпише договорот.


Слично

Поврзани вести