Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија за Буча: Ниту еден од неговите жители не беше изложен на насилство

Русија за Буча: Ниту еден од неговите жители не беше изложен на насилство

Се повлековме од Буча на 30 март, тврди Русија. 

Руското Министерство за одбрана денеска информираше дека нивните сили не убиле цивили во Буча, во Украина. 

Министерството додава дека сите жители „можеле слободно да заминат на север“, додека јужните предградија на градот „биле цел на деноноќен оган на украинските војници“.

Во соопштението се наведува и дека сите руски воени единици се повлекле од Буча на 30 март, ден откако Русија објави дека значително ќе ги намали операциите во северна Украина.

„Додека градот беше под контрола на руските вооружени сили, ниту еден од неговите жители не беше изложен на насилство“, стои во соопштението на Министерството.

Но, украинската страна тврди поинаку. 

Пронајдени се 410 тела во градовите во близина на Киев, информираше украинското обвинителство. 

Истребување на целата нација и народ, вака украинскиот претседател Володимир Зеленски ги искоментира убиствата на цивили во Буча. 

Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека сликите од Буча се неподносливи.

„Руските власти ќе мора да одговараат за овие злосторства“, вели Макрон. 

И други лидери излегоа со осуди. 

foto Facebook

Слично

Поврзани вести