Русија влегува во трговска војна со земја од ЕУ
Во Русија е забранет увозот на млеко и преработки од млеко од Литванија. Како што јавија европските медиуми, по подолго време Русија влегува во трговски спор со членка на ЕУ, а ваквата одлука се поклопува со претстојната антимонополска постапка против руски „Газпром“.
Денеска Русија ги суспендираше дозволите за увоз на млеко од оваа држава а тоа го правда со извештајот на Агенцијата за заштита на потрошувачите каде има загриженост за тоа колку е квалитетномлекото од балтичките држави. Се верува дека ваквата одлука е политички мотивирана. Москва го предупреди Вилнус дека ќе преземе мерки против Литванија која е претседавач на ЕУ и којакако цел на своето претседавање најави дека ќе има зближување со поранешните советски републики - членки на Царинскиот сојуз со Русија.
Слично
