Русија вети цврст одговор на новите американски санкции
Русија вети цврст одговор на новите американски санкции против руските бизнисмени, бизниси и високи функционери.
"Ние нема да го напуштиме овој напад или некој нов анти-руски напад без цврст одговор", се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
„Откако не постигнаа никаков резултат со 50-те претходни серии од санкции, Вашингтон продолжува да плаши со одбивање на американски визи, му се заканува рускиот бизнис со замрзнување на средства и имот, но заборави дека одземањето на странска приватна сопственост и пари се вика крадење“ стои вели во соопштението кое го пренесуваат светски медиуми.
Според Москва американските санкции ги внесуваат САД во категоријата земји кои се "непријатели на пазарната економија и на фер и слободна конкуренција, бидејќи тие користат административни методи, за да ги елиминираат конкурентите на странските пазари".
"Никаков притисок нема да ја скршне Русија од патот кој го избрала. Тој само ќе ја покаже неспособноста на САД да ги постигнат своите цели и ќе го консолидира руското општество. Го советуваме Вашингтон да се ослободи што е можно побрзо од илузијата дека може да се зборува со нас, користејќи се со јазикот на санкциите", се вели во декларацијата на руското Министерство за надворешни работи.
САД воведоа вчера санкции против 38 личности и друштва кои се додаваат кон 24-те санкционирани во средината на март во одговор на интервенцијата во избори и на сајбер нападите, за кои се обвинува Русија.
Меѓу луѓето, на кои се наметнати санкции, има олигарси блиски до Кремљ и нивните претпријатија, високи руски претставници и руската компанија за извоз на оружје Рособоронекспорт, потсетува "Франс прес".
Олигархот Олег Дерипаска вели дека одлуката на САД за воведување санкции врз него е "неоправдана, смешна и апсурдна". "Настаните од ова утро се многу несоодветни, но не и неочекувани", рече изјавата на Дерипаска, цитирана од Ројтерс.
