Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија успешно ја лансираше ракетата „Ангара“

Русија успешно ја лансираше ракетата „Ангара“

Русија денеска успешно ја лансираше ракетата на новата генерација „Ангара“, на северот од Русија, пренесуваат руските агенции.

Првото лансирање на ракетата, на 27 јуни не успеа бидејќи во последен момент автоматски се исклучи уредот за одбројување.

Ракетата денеска успешно полета во 16.00 часот според московско време и леташе над рускиот дел на Арктикот 20 минути.

Ракетата „Ангара“ е дизајнирана како би ги заменила сегашните ракети Сојуз и Протон и да го поттикнат рускиот вселенски програм после неколку години на излив на мозоци и буџетско ограничување.

Новата ракета ќе и овозможи на Русија да лансира вселенски сателите од нејзината територија бидејќи засега зависи од поранешните советски републики, посебно од некогашната главна база Бајконур во Казахстан.

Слично

Поврзани вести