Русија употреби „вакуум бомба“ во Курск
Русија соопшти дека употребила термобарична бомба против украинските сили како одговор на шокантниот упад на Украина во Курск.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека борбите продолжуваат во западниот регион Курск по невидениот напад на Украина на нејзина територија претходно оваа недела.
Руската војска изврши воздушни напади против украинските сили, вклучително и употреба на термобарична бомба, позната и како вакуумска бомба.
Притисокот создаден од експлозијата може буквално да ги „испари“ човечките тела и да предизвика застрашувачки повреди, но и го остава противникот без воздух.
Ова не е прв пат Москва да користи вакво оружје, бидејќи украинските власти тврдеа дека било употребено само неколку недели по почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.
