Русија уништила над 870 тони храна, внесена од западните земји
Руската служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор (Росселхознадзор) задржа и уништила од 6 август 871 тони санкциона стока, забранета за увоз на територијата на земјата, пренесоа агенциите, повикувајќи се на соопштението објавено денеска на нејзиниот сајт.
Оваа продукција подлежи на искоренување во согласност со декрет потпишан од претседателот Владимир Путин на 29 јули. Нормативниот акт, кој стапил на сила на 6 август, предвидува да бидат уништувани уште на границата забранети земјоделски производи за увоз .
Како резултат на тоа досега биле уништени 550 тони прехранбени производи од растително потекло и 321 тони од животинско.
Слично
