Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија-Украина: Зимско помирување поради гасот

Русија-Украина: Зимско помирување поради гасот

Претседателот на Украина Петро Порошенко изјавил дека Украина ќе има гас оваа година.

Порошенко после состанокот со претседателот на Русија Владимир Путин во петокот во Милано рекол дека очекува да биде постигнат договор за гас со Русија пред состанокот на Киев, Москва и Брисел планиран за 21 октомври во Брисел.

Порошенко тогаш изјавил дека дошло до одреден напредок, но треба да се разговара за уште детали.

Путин на новинарите во Милано им рекол дека во преговорите за гасот е постигнат напредок.

„Да, навистина многу внимание им посветивме на овие прашање и постои напредок“, рекол Путин и објаснил дека напредокот се состои во договор со украинските партнери за услови на обновување на испораката на гас за Украина, барем во зимскиот период.

Путин истакнал дека Украина на Русија и должи најмалку 5,5 милијарда долари за гас, но Русија е подготвена ретроактивно да даде попуст од 100 долари за илјада кубни метри, поради што долгот ќе биде намален на 4,5 милијарди долари.

Рускиот претседател додал дека Русија на тој начин и излегува во пресрет на Укрина и очекува дека Европската Унија ќе и помогне на Украина да го надмине финансискиот проблем.

Слично

Поврзани вести