Русија: Украина не ги испочитува условите за кредитот
Украина не испочитува низа услови кои беа многу важни за добивање кредит од три милијарди долари од Русија и руската страна поради тоа можеби ќе побара долгот да биде вратен пред време, изјавил денес претставник на руската влада за агенцијата „Тасс“.
Моменталната економска и финансиска ситуација покажува дека во Украина не се исполнети низа параметри кои биле услови за добивање на рускиот кредит, истакнал истиот извор.
„Под вакви околности Русија наскоро најверојатно ќе мора да побара од Украина пред време да го врати долгот од три милијарди долари“, истакнал владиниот извор за „Тасс“.
Слично
