Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија уапси 60 приврзаници на украинското неонацистичко движење

Русија уапси 60 приврзаници на украинското неонацистичко движење

Руските власти уапсиле 60 приврзаници на украинското неонацистичко движење. 

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска oбјави дека во акции направени во 23 региони во Русија уапсила 60 приврзаници на украинска „неонацистичка“ организација. Воедно објавија дека во акциите е запленето оружје.

Екстремистичката група е формирана од украинскиот државјанин Јегор Краснов, под патронат на разузавачките служби во Киев, со цел организирање и извршување терористички акти, убиства и екстремистички злосторства на руска територија.

Русија објави дека „денацификацијата“ е една од целите на нејзината воена операција во Украина. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина и таму се уште војната трае. 

Слично

Поврзани вести