РУСИЈА ТВРДИ: Подготвени сме да работиме со секој американски претседател
До координирана и поефикасна интеракција во борбата против тероризмот можеше да дојде и порано, истакна рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференцијата по средбата со својот колега од Нов Зеланд Мареј Макали.
Можевме да го направиме тоа порано, можеше да биде спасен животот на многу луѓе, ако проблемот со лачењето на партиотичната опозиција од терористите беше решен порано, како што се имавме договорено, истакна Сергеј Лавров.
Тој додаде дека Русија разгледува со САД и ОН дополнителни правци за снабдување на хуманитарна помош во Алепо.
„Подготвени сме да работиме со секој американски претседател. Го почитуваме изборот на секој народ и никогаш не се мешаме во внатрешните работи на други земји“, рече уште Сергеј Лавров по повод вмешаноста на неговата земја во полемиката меѓу кандидадите за претседател во САД.
„Сметам дека ќе помине време и тоа ќе ги излечи сите кои сега боледуваат. Нашите односи ќе се вратат во нормална траекторија. Но за таа цел некои ќе треба да се ослободат од параноја и да престанат да шпекулираат со концепти од времето на Студената војна за постигнување на политички цели внатре во САД“, рече уште Лавров.
