Русија тврди дека украинските сили гранатирале нивни села
Русија тврди дека украинските сили гранатирале нејзини региони.
„Утрото во пограничниот град Рилск беше немирно. Околу 8 часот од минофрлачи беше пукано на контролен пункт во селото Крупец“, објави на Телеграм гувернерот на областа Курск, Роман Старовоит.
Старовоит вели дека руските граничари и војската возвратиле со оган, по што немало нови напади. Во нападот на руска територија нема жртви или уништување, додаде тој.
Шефот на областа Брјанск, Александар Богомаз, изјави дека граничниот оддел на ФСБ известил за гранатирањето на селото Белаја Березка.
Досега Украина не потврди дека извела напади на руска територија.EPA-EFE/STR
Слично
