Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија тврди дека нивните специјалци го ликвидирале командантот на неонацистичката група Сектор

Русија тврди дека нивните специјалци го ликвидирале командантот на неонацистичката група Сектор

Руските специјалци го ликвидирале водачот на групата „Десен сектор“. 

Станува збор за командантот на неонацистичката група Сектор, Тарас Бобанич. Москва го обвинува Бобанич за убиство на стотици цивили во источна Украина за време на конфликтот во регионот во 2014 година. Бобанич е убиен во петокот во близина на Изиум.  Имал 33 години, а неговиот прекар е „Чекан“. Тој потекнува од западна Украина, а како националист се преориентирал за време на масовните протести и конфликти меѓу Украина и Русија во 2014 година. Во тоа време националистите, како што пишува „Раша тудеј“, формирале специјален баталјон со цел да учествуваат во конфликтите во источна Украина. Руските власти тврдат дека Бобанич лично наредил артилериски оган врз градовите во источна Украина, што наводно довело до страдање на стотици цивили. Во 2015 година, тој наводно организирал разни видови блокади на стоки што оделе на Крим, во знак на протест поради фактот што Крим се приклучил на Русија. На 24 февруари, Русија ја почна инвазијата на Украина. Засега нема најави за примирје или ставање крај на војната. Украина бара оружје од странските земји со цел да се спротивстави на руските сили. 

Слично

Поврзани вести