Русија тврди дека не барала помош од Кина, но ги откри своите планови
Русија може да ги окупира најголемите украински градови. Руските власти велат дека сите планови ќе бидат остварени навреме и во целост. Тврдат дека не барале воена помош од Кина.
Кремљ денеска објави дека руските сили би можеле да преземат целосна контрола врз големите украински градови и дека имаат доволно воена сила да ги исполнат сите свои цели во Украина без никаква помош од Кина, објави Ројтерс.
„Министерството за одбрана на Руската Федерација, и покрај тоа што обезбедува максимална безбедност за цивилното население, не ја исклучува можноста за освојување на големите населени центри под целосна контрола“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков рече дека тврдењата на Соединетите Американски Држави и Европската Унија дека рускиот претседател Владимир Путин некако е разочаран од напредокот на она што Кремљ го означува како специјална воена операција, претставуваат провокација. Според него, целта е оваа провокација да ја поттикне Русија да ги нападне градовите.
Русија тврди дека украинска ракета убила 20 луѓе во Доњецк.foto EPA