Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија тврди дека Азов е разбиен

Русија тврди дека Азов е разбиен

Руската војска соопшти дека повеќе не постои организирана одбрана на градот Мариупол и дека баталјонот Азов е разбиен на помали делови, кои делуваат „стихијно“ и „самостојно“.

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, изјави дека граѓаните се соочуваат со хуманитарна катастрофа и дека под итно мора да ги заминат од градот. 

Претходно е објавено дека официјален Киев одбил да формира хуманитарен коридор, плашејќи се од провокации од руските сили на теренот.

Полкот беше основан во 2014 година од екстремни десничари, а неговата прва борбена акција беше против проруските сепаратисти во источна Украина.

Во меѓувреме, тој е интегриран во Украинската национална гарда, која е под команда на Министерството за внатрешни работи.

Андриј Билецки, поранешен член на паравоената организација Украински патриот, е еден од основачите на полкот.

фото: твитер/принтскрин

Слично

Поврзани вести