Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија тврди - биле меки кон Украинците

Русија тврди - биле меки кон Украинците

Русите тврдат дека биле меки кон Украинците. 

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова изјави синоќа дека само рускиот „братски однос“ кон Украина спречил многу пожестока пресметка со украинските бродови во Керчискиот проток.

Москва е загрижена дека  би можело да избие граќанска војна во цела Украина по прогласувањето воена состоја во земјата. Русија ги повика ОН, ОБСЕ, Советот на Европа и другите меѓународни организации да обрнат внимание на кршењето на човековите права во таа земја, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

„На украинската војска и` се доделени ексклузивни овластувања, вклучително и вонсудска употреба на сила, што претставува сериозна опасност бидејќи граѓанска војна би можело да ја проголта целата земја“, вели Захарова, зборувајќи за прогласувањето воена состојба во десет украински региони, пренесе ТАСС.

Вели дека законот со кој воената состојба е прогласена поради возвраќање на руската агресија, наложува ограничување на основните човекови права и слободи, вклучително и слободата на изразување, собир и движење.

Украина им забрани влез во земјата на сите руски мажи на возраст од 16 до 60 години, објави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко.

Слично

Поврзани вести