Русија: „Црната листа“ е одговор на санкциите
Руската „црна листа“ е одговор на санкциите. Така Москва лавовски им одговори на острите реакции на Европа.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/05/30/evropski-politichari-ja-kritikuvaa-rusija-za-tsrnata-lista/" target="blank" ]Европски политичари ја критикуваа Русија за “црната листа”[/button]
Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека забраната за влез во Русија на 89 лица е резултат на „кампањата на санкциите на неколку земји во Европската унија на чело со Германија“.
Повеќето луѓе на листата се од балтичките земји, Шведска, Велика Британија и Полска.
Меѓу нив има и еден Бугарин - поранешниот амбасадор во Москва Илијан Василев.
„Ние не можеме да го прифатиме ова решение, бидејќи многу луѓе од оваа листа сакаат да имаат соработка со Русија, но не се согласуваат со политиката на Путин - политика на агресија и поткопување на мирот во Европа“, коментирал претседателот на Сенатот на Полска Богдан Борушевич.
