Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија стана земја со најголем број на лица под санкции

Русија стана земја со најголем број на лица под санкции

Русија стана земја со најголем број на правни и физички лица под санкции во светот, надминувајќи го досегашниот лидер Иран.

Блумберг, повикувајќи се на базата на податоци за санкции Castellum.ai, од почетокот на конфликотот во Украина се воведени 2.778 нови ограничувања против поединци, компании и организации.

Најголемиот број на санкции доаѓаат од Швајцарија со 568, по што следуваат ЕУ со 518, Франција со 512 и САД со 243.

Нивниот вкупен број сега достигна 5.530, пред Иран со 3.616 правни и физички лица под санкции, главно поради нуклеарната програма и поддршка на тероризмот. На трето и четврто место се Сирија со околу 2.600 и Северна Кореја со околу 2.100 субјекти кон кои има рестриктивни мерки.




Слично

Поврзани вести