Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија стана лидер во Европа по најмногу изградени трговски центри

Русија стана лидер во Европа по најмногу изградени трговски центри
За првите шест месеци од 2013 година Русија е на прво место во Европа по најголема површина на новооткриени трговски центри . Ова го покажуваат податоците од последниот извештај за развојот на европските трговски центри , изготвен од страна на компанијата за недвижности Cushman & Wakefield . Трендот во Русија за голема изградба на трговски центри е за да ја нареди земјата на второ место по Турција меѓу сите европски држави. Според експертите, до крајот на 2014 година, Русија ќе ја помести Британија од второто место на Стариот континент по инвестиции во трговски центри . Причината е дека таму има уште многу големи градови во кои нема модерни трговски центри . Како пример експертите го посочуваат градот Перм , но трендот се задржува и во Москва, каде се уште потребата од трговски центри не е заситена. За првите шест месеци од годината во Русија и Турција се изградени речиси половина од новите трговски центри во Европа . Нивната површина се пресметува на околу 1,8 милиони квадратни метри , што е релативно доста помалку од обемот на градежништвото во крајот на 2012 година, што се проценува на 3,4 милиони м2.
Слично

Поврзани вести