Русија спрема офанзива на градот кој го бранат Хрвати
И покрај прекинот на огнот потпишан меѓу Украина и про-руски сепаратисти, Киев изрази стравување дека бунтовниците ќе бидат во можност да започнат нова офанзива, која има за цел да го окупира Мариупол.
Сепаратистите наводно, трупаат свои војници во близина на пристанишниот град каде е и воената единица „Азовско“, позната по својот голем број на странски војници, меѓу кои и хрватските граѓани.
Освојувањето на Мариупол би овозможила дирекна копнена врска со Кримскиот полуосторов на Русија.
Украинскиот премиер Арсениј Јацењук во саботата изјавил дека прекинот на огнот не се почитува.
„Нема прекин на огнот, бидејќи тоа би значело дека никој не пука“ изјавил Јацењук .
Потпаролот на украинската војска, полковник Андриј Лишенко тврди дека Русите во текот на викендот распоредиле засилување во околината на Мариупол. Во еден од воените конвои имало 60 оклопни возила, вклучувајки и тенкови, а другите им донеле воена опрема на бунтовниците во Новоазовска, источно од Мариупол.
