Русија соопшти дека уништила ракетно складиште за американскиот ХИМАРС
Руската морнарица уништила складиште за американскиот ракетен систем ХИМАРС во регионот на Одеса со ракети Калибар, се тврди во соопштението на руското Министерство за одбрана во неделата.
„Со долг дострел и многу прецизна ракета „Калибар“ истрелана од морето уништено е складиште за ракети за американскиот повеќеракетен систем HIMARS и противвоздушни системи од западно производство недалеку од селото Мајорска во регионот Одеса. “, се вели во соопштението, објави Ројтерс.
Руските воздухопловни сили во регионот Запорожје уништија и складиште за гориво со повеќе од 100 тони дизел гориво, се наведува во соопштението.
Слично
