РУСИЈА СО УЛТИМАТУМ: На Турција ѝ постави 3 услови
Русија и постави три главни услови кои Турција треба да ги исполни за односите меѓу двете земји да се вратат во нормала.
Ова го изјави рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов кој рече дека Турција постојано се инстистирала за намалување на тензиите, но не правела никакви практични чекори.
Првиот услов е Турвија да се извини за соборувањето на рускиот авион СУ-24 во кој загина руски воен пилот.
Исто така, се очекува турските власти да ги најдат и да ги казнат одговорните за инцидентот, како и да ѝ платат надомест на штетата на Русија.
„Ако нашите очекувања не се исполнат, сите други изјави на Турција ќе бидат залудни“, рекол амбасадорот денеска во интервју за весникот Чумхуриет.
Инаку, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по инцидентот со рускиот воен авион, неколкупати побара средба со Владимир Путин, но беше одбиен.
Во меѓувреме Русија спроведе низа санкции кон Турција како, воведување визи за турските државјани, прекинување на изградбата Турски тек и почна економска изолациона политика.
