Русија: Со Украина ќе се сретнеме на суд заради долгот
Русија жали што Украина сакала да прогласи банкрот наместо да преговара, изјавил денеска рускиот министер за финансии Антон Силуанов, цитиран од агенциите.
Тој ја коментира вчерашната одлука на Киев да прогласи мораториум на плаќање на долгот од 3 милијарди долари кон Русија.
Жалам, што Украина донесе одлука да ги објави обврските, наместо да преговара во суштина по предлозите, направени од рускиот претседател на средбата на врвот на Г-20 во Анталија во ноември оваа година, изјавил Силуанов.
На средбата на Г-20 во Турција рускиот претседател Владимир Путин најавил дека Москва предложила одложено плаќање на украинскиот долг, во периодот од 2016-2018 година. Киев ќе плаќа по 1 милијарда долари годишно.
Освен тоа, тој додаде дека Русија само се согласила да го реструктуира украинскиот долг, а не понудила подобри услови кој ги побарал Меѓународниот монетарен фонд.
Силуанов објаснил дека крајниот рок на кредитот е 20 декември, недела, а плаќањето треба да биде направено во првиот работен ден, односно 21 декември, понеделник. Според него објавениот мораториум не ја укинува обврската на Украина да го згасне долгот.
Силуанов додал дека Русија може да се обрати до судот по 31 декември ако Украина не го исплати достасаниот износ во дополнителниот период до 31 декември, Русија ќе се обрати на судот, за да ги врати принудно средствата, нагласил рускиот министер за финансии.
