Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА СО ПРСТ КОН АМЕРИКА - ВАША ВИНА Е! Експлозија однесе многу животи во Украина

РУСИЈА СО ПРСТ КОН АМЕРИКА - ВАША ВИНА Е! Експлозија однесе многу животи во Украина

Смртоносното гранатирање на градот Нова Каховка во јужна Украина, кој е под контрола на Русија, е поради испорака на тешко оружје од американско производство во Киев, изјави висок руски дипломат, пренесоа руските медиуми.

- Ваквите напади врз цивилни места можат само да предизвикаат осуда. Тоа е директна последица на испораката на оружје од страна на САД во Киев - изјави за РИА Новости Дмитриј Полјански, заменик-шеф на руската мисија во ОН.

Украинските војници во понеделникот гранатираа Нова Каховка, град во јужната област Керсон, соопштија локалните власти. Владимир Леонтиев, началникот на градската администрација, во вторникот изјави дека седум лица загинале, а до 70 се повредени. Тој претходно рече дека гранатирањето уништило складиште за вештачко ѓубриво и оштетило неколку куќи, како и други цивилни објекти, вклучувајќи пазар и болница.

Наталија Зарја, која ја координира испораката на хуманитарна помош во градот, изјави дека е уништен и магацин со 35 тони помош, вклучително и храна.

Украинската армија во вторникот објави дека уништила складиште за муниција во Нова Каховка. Украина и Русија постојано се обвинуваат меѓусебно за гранатирање на станбени области и убивање цивили.



Фото: Принскрин/Твитер
Слично

Поврзани вести