Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА СО ПОРАКА ДО КОСОВО: Приштина веднаш да ја повлече полицијата, oва е етничко чистење на Србите

РУСИЈА СО ПОРАКА ДО КОСОВО: Приштина веднаш да ја повлече полицијата, oва е етничко чистење на Србите

Русија бара Приштина веднаш да ја повлече полицијата од северот на Косово. 

Руското Министерството за надворешни работи денеска изрази загриженост поради влошувањето на ситуацијата во Косово и Метохија оценувајќи дека дејствата на, како што се вели, привремените приштински институции се провокации насочени кон протерување на Србите од автономната покраина.

„Во суштина, тоа е обид на локалните Албанци да ги преземат областите населени со Срби и да воспостават своја контрола. Овие посtапки ги сметаме за провокација, чија цел е продолжување на етничкото чистење и протерување на Србите од Косово“, се наведува во соопштението. 

Tие ги повикаа како што велат американските и европските покровители на Приштина, да спречат деструктивно сценарио кое го загрозува целиот регион. 

Руското МНР нагласува и дека КФОР и ЕУЛЕКС „повторно не може или не сакаат да ја исполнат својата функција за одржување мир и безбедност“.

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак имале телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, со цел итно ублажување на тензиите. 

Косовскиот премиер Албин Курти им порача на Србите да се повлечат од блокадите, и според него, српскиот претседател Александар Вучиќ сака ескалација. 

Властите во Приштина од понеделникот на административните премини српските регистарски таблички ги менуваат со привремени, на кои се плаќа такса од пет евра. Приштина на премините Јариње и Брњак испрати и специјални единици на полицијата РОСУ.

Слично

Поврзани вести