Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија си најде замена за Мекдоналдс

Русија си најде замена за Мекдоналдс

Руски синџир за брза храна e поддржан од парламентот за да го замени Мекдоналдс, пишува Индепендент. 

Москва инвестираше во домашни ланци за брза храна откако Мекдоналдс ги затвори своите ресторани во Русија. 

Руски синџир на ресторани, наводно открил лого што е исклучително слично на познатите златни сводови на гигантот за брза храна.

Регистрацијата на трговска марка за франшизата „Вујко Вања“ беше поднесена минатата недела до руските власти, според извештаите на медиумите.

Мекдоналдс минатата недела соопшти дека привремено ќе ги затвори сите 847 свои ресторани во Русија, бидејќи светските брендови се соочуваат со притисок од потрошувачите да се спротивстават на инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на Украина.

Слично

Поврзани вести