Русија се заканува – ќе ја зголемиме царината за украински производи ако Киев се приближи до ЕУ
Русија има намера да ги зголеми царинските давачки за украинските производи, доколку Украина одлучи да се приближи кон Европската унија, се закани рускиот министер за економија Алексеј Уљукаев, во интервју за германски „Хандесблат“.
„Ние и кажавме на Украина: Се разбира дека имате право да го изберете својот пат. Но, во таков случај ќе бидеме принудени да ја зголемиме царината за увоз, бидејќи постои опасност Украина да стане влезна врата кон Русија за европските производи, кои го преземаат пазарот“, вели Уљукаев.
Русија изразува отворено несогласување со случувањата во Киев, па дури и го отповика рускиот амбасадор во Украина. Официјална Москва протестира поради разрешувањето на досегашниот украински претседател Виктор Јанукович, кој важеше за близок со руските власти.
Слично
