Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија се заканува: Гасот ќе ви поскапи

Русија се заканува: Гасот ќе ви поскапи

Русија предупреди дека новиот бран на западните санкции против Москва ќе резултираат со повисоки цени на енергенсите за европските потрошувачи.

Русија истовремено ја обвини Европската Унија дека не е способна да води самостојна политика независно од Вашингтон.

„Одлучувајќи се за санкции, официјалните представници на Брисел, по сопствена волја, ја спушти рампата на понатамошна соработка со Русија во областите кои се клучни, како секторот за енергетика. Тоа е непромислен и неодговорен чекор, кој неизбежно ќе доведе до повисоки цени на европските енергетски пазари“, се наведува во соопштението на руското министерство за надворешни работи.

Министерството, исто така, ја критикуваше Унијата поради „неспособноста да одигра независна улога во светски прашања“.

Слично

Поврзани вести