Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

Русија се закани дека ако Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор од Москва.

Според руските власти, Сеул мора да биде свесен дека евентуалната употреба на јужнокорејско оружје за убивање руски граѓани конечно ќе ги урне односите меѓу двете земји. 

„Русија ќе одговори доколку Јужна Кореја го испрати своето оружје во Украина, а таквиот потег на Сеул би имал негативни последици за односите со Москва“, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко.

Северна Кореја одамна помога на Русија со оружје, а испрати и свои војници на руска територија за да се борат за ослободување на Курск, регион кој Украина го окупираше на 6 август годинава. Русија постојано се заканува на сите држави кои воено ја помагаат Украина. Руската инвазија на Украина почна во февруари 2022 година. Барањето на Русија беше денацификација, демилитаризација, и признавање на независноста на Доњецк и Луганск. Потоа Русија кажа дека целта е ослободување на Донбас. 

Слично

Поврзани вести