Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија се закани на две европски земји

Русија се закани на две европски земји

Русија им се закани на Шведска и Финска. 

Портпаролката на рускoто Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, само што им се закани на Финска и Шведска. Во изјавата, која ја објавило Министерството за надворешни работи на Русија на Твитер, рекла дека пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО би имало многу сериозни воени и политички последици.

„Верноста на финската влада кон воената политика на неутралност ја сметаме за важен факт во осигурувањето на безбедноста и стабилноста во северна Европа. Пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО би имало сериозни воени и политички последици“, рекла Захарова.

Претходно, шефот на НАТО, Јенс Столтенберг најавил дека ги повикал Финска и Шведска, кои не се членки на воениот сојуз, на вонредниот виртуелен самит на кој ќе се расправа за руската инвазија на Украина.

Захарова изјави дека целта на операцијата на Русија во Украина е да го повика марионетскиот режим во Киев на одговорност за злосторствата врз цивили, вклучително и руски државјани, извршени во претходните години. 

Слично

Поврзани вести