Русија се врти кон Кина, падна договор со „Газпром“
Посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Кина и средбата со својот колега кинескиот претседател Ши Џинпинг, ги дава очекуваните резултати. Двете држави се договорија „Газпром“ од 2018 година да го снабдува кинеската ЦНПЦ со најмалку 38 милијарди кубни метри гас годишно.
Ваквиот договор експертите го толкуваат како сигнал до ЕУ која поведе постапка против „Газпром“ за попречување на конкуренцијата, по што Русија најави дека ќе тргне во освојување на Кина.
Според Алексеј Милер, шефот на „Газпром“, конечниот договор за доставување гас во Кина ќе биде готов до крајот на годинава.
Истовремено концернот „Роснефт“ договори соработка со кинески „ЦНПЦ“ околу екплоатацијата на рускиот дел на Арктикот. Според договореното Русите треба да ја зголемат испораката на нафта во Кина, за што Кинезите се обврзаа на „Роснефт“ да му дадат кредит од неколку милијарди евра.
Слично
