Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија се спрема за нова мобилизација?

Русија се спрема за нова мобилизација?

Русија се спрема за нова мобилизација. 

„Вториот бран на мобилизација во Русија би можел да започне по православниот Божик“, изјави вчера шефот на естонската разузнавачка служба Марго Гросберг.

Оваа оценка е добиена врз основа на информации од руските региони, кои сигнализираат подготовки за новa мобилизација во армијата. Гросберг даде пример во Краснодарската територија каде била дадена наредба да се испечатат 5.000 судски покани за мобилизираните.

„По завршувањето на божикниот одмор, можеме да очекуваме нов бран (мобилизации“), рече Гросберг. 

Се смета дека овие луѓе на фронтот ќе бидат дури во март или април, откако ќе поминат обука. 

На крајот на декември, министерот за одбрана Сергеј Шојгу ги објави плановите за зголемување на армијата од 1,15 на 1,5 милиони луѓе.

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников веќе најави дека во Русија ќе има мобилизација. 

За да се спасат од мобилизација, дел од граѓаните на Русија спас побараа и на Балканот. 

Слично

Поврзани вести