Лесја Украинка: Русија се повлече од „договорот за жито“, глобалната криза со храна е неизбежна
На 17 јули 2023 година, руската страна ги испрати своите „приговори“ до Турција, Украина и ОН во врска со продолжување на договорот за жито. „Денес Русија официјално ги извести турската и украинската страна, како и Секретаријатот на ОН за приговорите за продолжување на договорот“, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
Од своја страна, портпаролот на претседателот на РФ, Дмитриј Песков, исто така го потврди раскинувањето на договорот за жито.Тој потсети дека, де факто, „денес престанаа да важат црноморските договори“, а потоа ги пренесе аргументите на претседателот на РФ. Според нив, „делот од овие црноморски договори, кој се однесува на Русија, сè уште не е исполнет, поради што неговата важност е прекината“. „Штом ќе се исполни рускиот дел од договорите, руската страна веднаш ќе се врати на спроведувањето на овој договор“, изјави песков за новинарите.
Последниот брод во рамки на договорот склучен со посредство на ОН, кој овозможува безбеден извоз на украинско жито во Црното Море, го напушти пристаништето на Одеса во неделата наутро пред завршувањето на терминот за продолжување на договорот на 17 јули.
Црноморскиот договор за жито беше склучен во јули 2022 година. За таа цел беа потпишани два документа: со учество на ОН, Турција и Украина, и посебно - ОН, Турција и Русија.
Путин неколку пати се закануваше дека нема да го продолжи договорот, барајќи укинување на санкциите и пречките за рускиот извоз.
Главното барање на Москва беше да се врати пристапот на „роселхозбанк“ до меѓународната меѓубанкарска мрежа SWIFT, од која ЕУ ја исклучи Русија во јуни 2022 година поради руската инвазија на Украина.
Повлекувањето на РФ од договорот за жито е уцена со глад насочена кон африканските земји во пресрет на самитот „Русија-Африка“, што ќе се одржи во Санкт Петербург од 27 до 28 јули оваа година. Покрај тоа, Москва ова исто така го разгледува како инструмент за притисок врз африканските земји со цел да ја поддржат нејзината агресија против Украина.
Одделно, вреди да се напомене дека експлозијата на Кримскиот мост беше од корист токму за Путин како причина за раскинување на „договорот за жито“. Дополнителен доказ беа инстантните повици на руската пропаганда за итни напади на украинската пристанишна инфраструктура, како и ракетните напади врз Одеса и Миколајив... Русија заслужува санкции и глобална изолација.
ПР Објава на Здружението Лесја УкраинкаСтавовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор
