Русија се пофали дека остварува една од своите цели во Украина
Од Кремљ се пофалија дека имаат значителен напредок во „демилитаризацијата на Украина“.
Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, зборуваше за изјавата на рускиот претседател Владимир Путин која кажа дека „украинскиот воено-индустриски комплекс, ако веќе не е сведен на нула, оди во таа насока“.
Рускиот претседател вчера изјави дека „сите оружени судири завршуваат со некакви преговори“, имплицирајќи дека Украина порано или подоцна ќе мора да ѝ предаде дел од територијата на Русија за војната да заврши.
Волстрит џурнал објави дека Киев подготвува објавување на предлог мировен план за февруари. Песков денеска изјави дека Русија не знае за мировни планови на Киев.
фото EPA
Слично
