Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија се плаши дека мала земја ќе го има на нишан Санкт Петербург

Русија се плаши дека мала земја ќе го има на нишан Санкт Петербург

Русија сега тврди дека и малата Естонија е закана за неа, ако добива оружје од Западот. 

„Западните земји планираат да испорачаат на Естонија најсовремени типови на конвенционално оружје, кое е способно да го држи Санкт Петербург пред нејзиниот нишан“, изјави рускиот амбасадор во Талин, Владимир Липаев за каналот Solovyov-live.

Како што вели тој, англосаксонците имаат интерес овде да создадат антируска стража за да извршат притисок врз Русија. 

„Не зборуваме само за економски, политички, културен, туку и воен притисок“, рече тој.

Тој прашува зошто Естонија има потреба од оружје и со кого ќе војува. 

И Молдавија бара воена опрема од Западот. 
Министерот за одбрана на Молдавија, Анатолиј Носати изјави рече дека земјата побарала од западните партнери системи за противвоздушна одбрана, спротивно на досегашната политика да не купува смртоносно оружје од Запад.
Молдавија лани тврдеше дека во 2023 година Русија ќе изврши инвазија на нивната територија. Молдавија долги години има проблеми со руското малцинство во Приднестровје. 

Слично

Поврзани вести