Русија се плаши дека Киев со западното оружје ќе гаѓа цели длабоко во руската територија
Москва се плаши дека Украина со западното оружје ќе удри длабоко во руската територија. Русија не верува на тврдењата на Киев.
Информацијата ја објави државната новинска агенција РИА, цитирајќи претставник на руското Министерство за надворешни работи.
„Не може да имаме доверба во таквите изјави, бидејќи украинските власти постојано ја демонстрираа својата несигурност и неспособност да постигнат договор“, изјавил за РИА шефот на одделот во руското министерство, Алексеј Полишчук.
Украина тврдеше дека ако треба на Западот ќе му даде гаранции дека со современото оружје нема да напаѓа цели на руска територија. Тврдеа дека ова оружје ќе го користат само против руските сили кои се на украинска територија. Руската инвазија почна лани на 24 февруари. Украина чека тенкови од западните земји. Русија според тврдењата на Украина, но и на Британија и други земји, се спрема за голема офанзива.
фото ЕПА
