Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија се откажа од Јужен тек

Русија се откажа од Јужен тек
„Ако Европа не сака да се спроведе Јужен тек, тој нема да биде спроведен“, за првпат изјави Путин, откако претходно руските власти најавуваа дека немаат намера да се откажат од клучниот енергетски проект и за Балканот. Русија најави дека се откажува од проектот Јужен тек, наведувајќи ги блокадите од ЕУ, а во иднина ќе ја преферира Турција како партнер. Рускиот проект Јужен тек вреден 40 милијарди долари е жртва на падот на цените на енергенсите, намалената побарувачка во Европа и на политичкиот судир меѓу ЕУ и Москва околу украинската криза. „Тоа е тоа. Проектот е затворен“, изјави шефот на Газпром Алексеј Милер во понеделникот, наведувајќи ги блокадите од ЕУ како главна причина. Рускиот претседател Владимир Путин за време на посетата на Турција соопшти дека натамошната изградба на проектот нема логика поради противењето на Бугарија да започне со градежните работи на морскиот брег. На заедничка пресконференција со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Путин призна дека Европската комисија за сега не сака да даде зелено светло за гасоводот за снабдување со гас на Европа преку Бугарија, со кој се заобиколува Украина. „Ако Европа не сака да се спроведе Јужен тек, тој нема да биде спроведен“, за првпат изјави Путин, откако претходно руските власти најавуваа дека немаат намера да се откажат од клучниот енергетски проект и за Балканот.
Слично

Поврзани вести