Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија се откажа од договорот со Франција за бродовите „Мистрал“

Русија се откажа од договорот со Франција за бродовите „Мистрал“

Русија денеска изјави дека се откажува од нарачаните хеликоптероносачи „Мистрал“ од Франција во вредност од 1,2 милијарди евра и наместо тоа ќе изгради свои воени бродови.

„Русија нема да ги земе бродовите. Тоа е завршена работа“, изјавил заменик-претседателот на воено-индустриската комисија Олег Бочкарков. Според него во моментов се разгледува исклучиво прашањето за надоместокот.

„Сега има само една дискусија - за монетарната сума која треба да и биде вратена на Русија“, изјави тој. Според него Русија планира да изгради свои слични бродови, не копии на Мистрал.

Во 2011 година Русија и нарачала на Франција два хеликоптероносачи. Првиот мораше да биде доставен во есента 2014 година, но Франција одби да го исполни договорот поради ситуацијата во Украина.

Испораката на вториот брод, која се планираше во 2015 година, исто така беше замрзната.

Бочкарков изјавил дека наскоро во Русија ќе пристигне претставник на Франција за да го разгледаат прашањето за надоместокот.

Слично

Поврзани вести