Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија се откажала од едно барање?

Русија се откажала од едно барање?

Игор Зовква, помошник на украинскиот претседател Влодомир Зеленски вели дека Русија го омекна својот став во преговорите за евентуален договор со Украина. 

Зовква кој е заменик шефот на кабинетот на претседателот на Украина, вели дека разговорите меѓу руските и украинските претставници станале поконструктивни. Тој вели дека Москва го променила својот тон и престанала да бара предавање на Украина, на што се инсистирало за време на претходните разговори.

Зовква рече дека украинските претставници се чувствуваат како умерени оптимисти по преговорите, додавајќи дека средба меѓу претседателите на двете земји, Влодомир Зеленски и Владимир Путин е неопходна за значителен напредок.

Но, во соопштението од Кремљ се вели дека Путин останува на својот став и во разговор со Шарл Мишел, шефот на Европскиот Совет, нагласил дека Киев не покажува сериозна посветеност за изнаоѓање решенија прифатливи за двете страни.

Денешните преговори се завршени и дека работата ќе продолжи утре.

Украинскиот претставник Михаил Подољак вели дека има суштински противречности во позициите на руската и украинската делегација во разговорите, но постои и можност за компромис, пренесува „Спутник“.

Слично

Поврзани вести