Русија се мобилизира, потребни и се 2 милијарди долари за одбрана од метеори
Околу 2 милијарди долари ќе бидат потребни за реализација на програмата која ја изработија руските експерти за вселенски истражувања а со која треба да се спречат заканите кои доаѓаат од вселената , како што беше неодамнешниот пад на метеорит.
Според директорката на одделението во Институтот за астрономија РАН, Лидија Рихалова, програмата сега чека зелено светло од заменик-премиерот, Дмитриј Рогозин.Пред неколку дена во централна Русија експлодира метеорит, од кој беа повредени над илјада лица, од кои повеќе од 50 се сместени во болница. Светлечкиот метеорит експлодира на приближна висина од 50 километри над Чељабинск. Штетите кои тој ги предизвика се проценуваат на милијарда рубљи (околу 25 милиони евра).
Слично
