Русија се лути затоа што Србија ќе прави воени вежби со САД и други земји?
Внимателно следиме што прави Србија со НАТО, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.
Вели дека Русија многу внимателно ќе ги следи воените вежби „Платинест волк“, што Србија ги спроведува со САД и десет други земји. Песков рече дека притисокот врз Белград да зазема антируски став не престанува.
„Постои постојан обид Србија да се стави на страната на оние што се придржуваат до антирускиот став. Знаеме дека Белград е под страшен притисок, притисок без преседан“, заклучи портпаролот на Кремљ.
Српските вооружени сили годинава ќе ја одржат воената вежба „Платинест волк“ со припадниците на американската армија и западните партнери. Со тоа ќе заврши мораториумот за учество на билатерални и мултилатерални вежби со сите партнери, воведен по војната во Украина. Инаку, Србија е земја која не воведе санкции на Русија поради војната во Украина. За посетување, војната почна лани на 24 февруари и не знае кога конфликтот ќе заврши.
Слично
