Русија сака преговори за нов договор со вооружените сили во Европа
Русија е подготвена да започне разговори за нов договор за контрола над конвенционалните вооружени сили во Европа.
Тоа го изјавил претставник на руското Министерство за надворешни работи, откако вчера Москва објави дека го прекинува своето учество во Договорот за конвенционалните вооружени сили во Европа, соопштува „Ројтерс“.
„Подготвени сме да ја разгледаме можноста и да спроведеме разговори за нов договор, што е адекватно да рефлектира новата реалност ... и да ги земеме под внмание интересите на Руската Федерација“, изјавил Михаил Улчнов, директор на одделот за контрола над оружјето.
Потсетуваме вчера Москва го прекина учеството во советодавна група кон Договорот за конвенционалните вооружени сили во Европа. Овој чекор финализира еднострано со мораториум на Москва за спроведување на договорот, прогласен од претседателот Владимир Путин во 2007 година.
