Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија распиша потерница по Енди Стоун, портпаролoт на Фејсбук и Инстаграм

Русија распиша потерница по Енди Стоун, портпаролoт на Фејсбук и Инстаграм

Руските власти издадоа потерница по Енди Стоун, портпаролот на платформите на Мета Фејсбук и Инстаграм, без да прецизираат за што го товарат Стоун, јавија денеска руските медиуми.

Агенцијата Тасс наведува дека руското Министерство за внатрешни работи отворило кривична истрага против Стоун, но не откри детали од истрагата или обвиненијата против Стоун, пренесува Ројтерс.

Главните социјални платформи на Мета - Фејсбук и Инстаграм - беа забранети во Русија набргу по избувнувањето на конфликтот во Украина во февруари минатата година.

Во март 2022 година, Рускиот истражен комитет отвори кривична истрага за „незаконски дејствија на вработени во Мета“.

Во истрагата се споменува и Стоун затоа што, како што се наведува, ја прекршил „забраната за повикување на насилство врз руската војска на своите платформи“ и со тоа поттикнал екстремистички, антируски активности.


Слично

Поврзани вести