Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија распиша меѓународна потерница по Гари Каспаров - за што го обвинуваат?

Русија распиша меѓународна потерница по Гари Каспаров - за што го обвинуваат?

Русија распиша меѓународна потерница по поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров. 

Руските истражни органи распишаа меѓународна потерница по поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров, под обвинение за јавно оправдување на тероризмот и за два случаи на кршење на правилата за дејствување на странски агенти.

Каспаров, кој веќе е прогласен за странски агент во својата татковина и внесен во официјалниот регистар на терористи, претходно се соочи со одлука на Окружен суд во Москва, кој на 22 декември 2025 година му одреди мерка притвор во траење од два месеци. Оваа мерка треба да стапи во сила од моментот на неговото евентуално екстрадирање, депортирање или фактичко апсење на територијата на Руската Федерација.

Дополнително, тој во отсуство е обвинет и за две кривични дела поврзани со непочитување на обврските наметнати со статусот странски агент, каде што законот предвидува парична казна или затвор до две години.

Руското Министерство за правда го вклучи Каспаров во списокот на странски агенти во мај 2022 година, со образложение дека извршувал политички активности во корист на Украина и американската невладина организација „Хјуман рајтс воч“. Руските судови и досега пати го повикуваа Каспаров на административна одговорност за слични прекршоци. Познатиот шахист во моментов живее надвор од границите на Русија.

Тој го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести