Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИЈА ПРОМОВИРА АНТИСЕМИТСКИ НАРАТИВИ: Негирање на холокаустот е на ред?

РУСИЈА ПРОМОВИРА АНТИСЕМИТСКИ НАРАТИВИ: Негирање на холокаустот е на ред?

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров деновиве се истакнал со двосмислена изјава којашто предизвикала бран критики во еврејските кругови и фрлила сенка врз руско-израелските односи. Израел денес активно настапува со мировни иницијативи во руско-украинскиот конфликт. Очигледно целта е да се „торпедира“ позицијата на Израел, посочуваат од Здружението на Украинците во Македонија

„Картата на антисемитизмот“ уште повеќе ја оддалечува светската заедница од сегашната Русија со нејзиното агресивно православие и идеологијата на војната. Со текот на руско-украинската војна, некогаш блескави руски функционери се повеќе користат недозволива реторика на работ на фаул против други држави и политички фигури. Така, израелските политичари отворено се прогласуваат за „спитомени“ од страна на Америка во време кога Израел ја поддржува борбата на украинскиот народ против руската агресија.

Многу впечатливи се обвинувања на адреса на израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид, којшто е новинар по професија. И затоа, според логиката на пропагандистите од Кремљ, е неодговорна личност, а згора на тоа сонува за премиерската фотелја. Очигледен е обид да се забие клин меѓу израелските политичари.

Министерот Лавров неодамна изговори една недозволива фраза која покажува колку далеку отиде руската пропаганда и државната машинерија во својот презир кон другите националности и народности, и во таква срамна појава како што е антисемитизмот.

Со оглед на агресивната политика на Руската православна црква, нејзината отворена поддршка на војната во Украина, не се исклучува и ортодоксните православни кругови во Русија да почнат отворено да промовираат антисемитизам.

Во такви услови, земајќи ги предвид историските преседани, еврејските погроми во Русија воопшто не изгледаат како фантазија.

Очигледно, следниот чекор на руската владејачка елита може да биде јавно негирање на Холокаустот?

Денешната руска пропаганда неверојатно наликува на пропагандата на Третиот рајх, како, впрочем, и делата на руската армија во Украина.

Ракетите коишто Русија секојдневно ги истрелува врз украинска територија паѓале врз меморијалните комплекси поврзани со споменот на жртвите од Холокаустот, вклучувајќи го и озлогласниот Бабин Јар.

Очигледно е дека руската пропагандна парола „можеме да повториме“ целосно го одразува расположението на руските власти да го повторат Холокаустот, но веќе во однос на украинските граѓани.

Здружение на Украинците во Македонија

ФОТО: EPA

Слично

Поврзани вести