Русија произведува спреј против коронавирусот, со него пациентите оздравуваат за осум дена
Руските научници создадоа спреј против коронавирусот, и со негова помош пациентите оздравуваат за само осум дена. Спрејот е регистриран, а производството веќе е во тек.
Министерството за здравство го регистрираше лекот „Лајтрагин“ за превенција и лекување на пневмонија предизвикана од коронавирусот, објави денеска Руската агенција за медицина и биологија преку својата интернет страница.
„Лекот во спреј ‘Лајтрагин‘, развиен од Агенцијата за медицина и биологија, е регистриран во руското Министерство за здравство. Тој е наменет за спречување и лекување на пневмонија. Целта е да се спречи воспаление на белите дробови, што е една од компликациите на коронавирусот“, стои на сајтот на Агенцијата, пренесе Тасс.
Пациентите кои земале „Лајтрагин“ заздравувале во просек за осум дена, а пациентите третирани со класичните методи заздравувале за 14 дена.
Повеќе од 3,5 милиони заразени со коронавирус и над 78.000 починати се регистрирани ширум светот во изминатата недела, што покажува намалување од 15 проценти во двете категории, објави Светската здравствена организација (СЗО).
foto freepik
